
Собранието пресече: Една Анкетна комисија ќе ги чешла сите големи трагедии – од „Пулс“ и Модуларната, до „Беса Транс“ и Ласкарци
На денешната седница (3 декември), Собранието со убедливо мнозинство од 84 гласа „за“ го изгласа формирањето на Анкетна комисија која ќе има задача да ги истражи околностите и институционалните пропусти поврзани со четирите најголеми трагедии во поновата историја на земјата. Комисијата, формирана на предлог на владејачкото мнозинство (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ), ќе ги опфати пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пожарот во Модуларната болница во Тетово, како и тешките сообраќајни несреќи на „Беса Транс“ во Бугарија и автобуската несреќа кај Ласкарци. Истовремено, предлогот на опозицијата (СДСМ, Левица и ДУИ) за формирање посебна комисија исклучиво за случајот во Кочани беше отфрлен, добивајќи поддршка од само 28 пратеници.
Милошоски: „Системот потфрли, 138 луѓе ги загубија животите поради институционален молк“
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Пратеникот Антонијо Милошоски образложи дека целта на оваа обединета комисија е да се утврди системската нефункционалност која резултираше со вкупно 138 жртви во овие настани. Тој најави дека наодите ќе бидат проследени до Владата и Јавното обвинителство за лоцирање на политичка и кривична одговорност, повикувајќи на неселективност. Од друга страна, Оливер Спасовски од СДСМ реагираше дека родителите на загинатите во Кочани барале посебен фокус на тој случај, но мнозинството одлучи истрагата да биде сеопфатна. Покрај ова, пратениците изгласаа и оглас за нови членови на ДИК, како и Среднорочната програма за стоковни резерви до 2030 година.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








