
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 28 до 34 степени.
Скопје со сонце и температура до 34 степени
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 34 степени.
Сабота топла, недела со нестабилност
Во сабота времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела ќе има услови за нестабилност, со пороен дожд и грмежи во делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северозападен правец.
Од понеделник повторно стабилно
Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.
Синоптичарите најавуваат продолжување на летните температури, со повеќе сончеви периоди и без поголема промена на временската слика.


