
Спасен Силјановски му запеа на Заев: „Пуста да ти биде судбината, ти што сакаш да ни ја земеш татковината“
Познатиот македонски пејач Спасен Силјановски, при гостувањето во емисијата „Претрес“, испрати остра музичка порака до поранешниот премиер Зоран Заев. На прашањето на новинарот Кристијан Ландов – што би му отпеал на екс-премиерот, Силјановски без двоумење избра стихови со силна патриотска и критичка конотација.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
„На моите деца, клето, иднината…“
Силјановски во живо во студиото ги запеа стиховите: „Пуста да ти биде клето, судбината, ти што сакаш да ни ја земеш татковината и на мојте деца клето, иднината“. Неговиот избор на песна предизвика лавина реакции, јасно изразувајќи го неговиот став преку музиката.


