
Легендарниот пејач Здравко Чолиќ ќе стане побогат за неверојатни 500.000 евра по серијата од четири концерти закажани за почетокот на 2026 година во Сараево.
Овој финансиски успех доаѓа исклучиво од спонзорски договори, бидејќи бројни компании се натпреваруваат да го поврзат своето име со музичката ѕвезда. Според извори од организацијата, сè се чувало во тајност, а иако Чолиќ сам ги покрива трошоците за закуп на просторот и давачките, парите од спонзорите одат директно на неговата сметка како „заработка од ликот и делото“.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Интересно е што наспроти огромната заработка, Чола останува скромен во своите барања зад сцената. За разлика од другите ѕвезди, неговата „рајдер листа“ содржи само две работи: сталка за гардероба (за да не му се изгужва облеката) и вода на собна температура.

