во ,

Тајфун ја парализира Кина: Над милион евакуирани, 1.400 летови откажани

Тајфунот „Долфин“ предизвика сериозни нарушувања во источна Кина – повеќе од милион луѓе се евакуирани, илјадници летови се откажани, а опасноста од поплави сè уште не е помината.

Моќниот тајфун „Долфин“ ја погоди источна Кина и предизвика хаос во сообраќајот, масовни евакуации и сериозни предупредувања за поплави и свлечишта.

Супер Попуст -25%

Само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови, додека властите во повеќе региони преместиле над еден милион жители на побезбедни локации.

Ветрови до 150 километри на час

„Долфин“ најпрво стигнал до копното кај Јухуан во провинцијата Жеџијанг, со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час.

Приближно еден час подоцна бурата повторно го погодила копното во близина на Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба.

Властите претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво. До понеделник наутро тајфунот ослабел во тропска бура, но продолжил да се движи кон внатрешноста на земјата.

До 500 милиметри дожд во Жеџијанг

Опасноста сепак не е завршена. Властите предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и лизгање на земјиштето сè до среда.

Силни врнежи се очекуваат во Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај.

Во делови од Жеџијанг во текот на неколку дена би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд. Жителите се повикани да избегнуваат престој на отворено.

Затворени туристички атракции во Шангај

Поради невремето затворени се бројни туристички локации, меѓу кои делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж познатото шеталиште „Бунд“ во Шангај.

Снимки објавени од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории и улици во поранешната Француска концесија, една од популарните туристички области во градот.

Стотици илјади жители преместени

Во Венџоу властите евакуирале околу 900.000 жители и отвориле повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи.

Во Таиџоу од своите домови биле евакуирани уште околу 390.000 луѓе, додека надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата поради опасноста од нови поплави и свлечишта.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трагичен обид кај Сеута: Мигрант со параглајдер падна во морето

Вучиќ со мрачно предупредување: „На почетокот сме на поголема војна“