
АМСМ во својот утрински извештај информира дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози. Сепак, се бележи зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци кои се наоѓаат надвор од градските средини.
Состојба на границите и апел за внимателност
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Добра вест за патниците кои патуваат надвор од државата е што на граничните премини од македонска страна, со исклучок на затворениот правец кон Ново Село, засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.
„Препорачуваме приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Ова особено важи за патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што е можна појава на одрони,“ апелираат од АМСМ.

