
Според соопштението на партијата, Филипче одговарајќи на новинарско прашање признал дека летува на јахтата на поранешниот премиер Зоран Заев во Грција. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека на патот кон Грција, тој поминал низ Ново Село каде се сликал со „насилници и наркодилери преку кои хушкаше инцидент на народен собир“.
Уцени кон земјоделците и ширење паника
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Владејачката партија во своето соопштение го иронизира „работниот дел“ од одморот на тандемот Филипче-Заев. Тие ги обвинуваат дека преку компанијата на Заев за ајвар, вршеле уценување на струмичките пиперкари и земјоделци нудејќи им ниски откупни цени. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги лоцира токму кај нив изворите на неодамнешната паника во јавноста.
„Работниот дел од одморот продолжи со ширење дезинформации и лаги за наводно загадена вода за пиење во Скопје, како и ширење дезинформации за состојбата со водата во Гостивар. Работното лето на Венко од јахтата на Заев продолжи со бунтување против прославата за независност и броење колку пати се појавил Киро Глигоров на спотот, а не се појавил Зоран Заев,“ се вели во соопштението на партијата.
Крај на летниот одмор?
На крајот од своето обраќање кон јавноста, од ВМРО-ДПМНЕ со доза на сарказам коментираат дека актуелните шумски пожари во соседна Грција веројатно ќе им го прекинат одморот.
„Веројатно раатот на Филипче ќе го расипат пожарите на Халкидики, но и доволно штета ѝ нанесоа на државата, така што Филипче може да се врати од одмор со Заев,“ заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


