
„ДВА ГРАДА – ИСТА БОЛКА“: Кочани се зави во бело во чест на загинатите во Кран Монтана
Во тишина која „грмеше“, граѓаните на Кочани вечерва испратија порака на љубов и сочувство до семејствата на настраданите во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана. Под мотото „Два града – иста болка“, градот се обедини во молитва за прерано згаснатите млади животи.
40 бели балони за 40 ангели
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Најсилниот момент на собирот беше моментот кога кон небото беа пуштени 40 бели балони. Овој симболичен чин ги расплака присутните, потсетувајќи на младоста која не дочека да се врати дома од Швајцарија.
Средба на две големи трагедии
Посебна тежина на собирот му даде присуството на родителите чии деца загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тие, кои најдобро ја знаат тежината на загубата, застанаа рамо до рамо со своите сограѓани.
„Ние ја живееме оваа болка секој ден. Тишината вечерва зборува погласно од сè. Сакаме семејствата во Швајцарија да знаат дека не се сами“, порачаа скршените родители.
Собирот заврши со палење свеќи и достоинствено повлекување на граѓаните, оставајќи ги белите балони да летаат кон небото како последен поздрав до жртвите.


