во ,

Топ 10 најплатени актерки за 2020 предводени од Софија Вергара

Forbes ја објави листата на најплатени актерки за годината којашто изминува.

Иако филмската индустрија беше сериозно засегната од пандемијата со коронавирусот, сепак најталентираните ѕвезди успеаја да заработат солидно.

На челната позиција на листата се најде Софија Вергара. Ѕвездата од серијата „Modern Family“заработи 43 милиони долари, а веднаш за неа се Анџелина Џоли со 35 милиони долари и Гал Гадот со 31 милион долари.

Реклама

Еве ја комплетната листа на најплатени актерки за 2020 на Forbes:

Софија Вергара

43 милиони долари

Вергара се стекна со најголем дел од нејзиното богатство од тековната година како дел од серијата „Modern Family“ и од жирито во „America’s Got Talent“. Сепак, таа солидно заработува и од својата линија фармерки за Walmart и мебел за Rooms To Go.

Анџелина Џоли

35,5 милиони долари

Најголемата заработка на Џоли е од главната улога во претстојниот филм на Marvel, „The Eternals“.

Гал Гадот

31,5 милиони долари

Мелиса МекКарти

25 милиони долари

Мерил Стрип

24 милиони долари

Емили Блант

22,5 милиони долари

Никол Кидман

22 милиони долари

Елен Помпео

19 милиони долари

Елизабет Мос

16 милиони долари

Виола Дејвис

15,5 милиони долари


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Урнебесно видео: Љубовник бега преку балкон од бесниот сопруг

Пред да решите да се тетовирате, задолжително видете ги овие тетоважи