во ,

ТРАМВАЈ УДРИ ВО ЗГРАДА: 39 повредени во тешка несреќа

Едно лице загина, а најмалку 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда во Милано

Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, кога трамвајот, од засега непознати причини, изгубил контрола и излетал од шините. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголемиот дел од повредените се патници во возилото.

Паника и спасувачка акција

Супер Попуст -25%

На местото на настанот интервенирале бројни екипи на итната помош и цивилната заштита. Поставен бил и привремен шатор за згрижување на повредените, а според извештаите, дел од патниците биле заробени во оштетениот трамвај.

Се утврдува причината


Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот нагло забрзал и удрил во објект. Италијанските медиуми наведуваат дека можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. Надлежните служби спроведуваат истрага за утврдување на точните околности.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПАНИКА ВО ТЕТОВО: Уапсен 18-годишник за лажните дојави за бомби

МЛАДИТЕ ПРЕД СÈ: Мицкоски со порака дека спортот е државен приоритет