
Доналд Трамп ја крева влогот во Персискиот Залив и најавува дека САД се подготвени за напад врз Иран ако преговорите пропаднат.
Разговорите меѓу САД и Иран продолжија во Оман минатиот петок, први по 12-дневната војна во јуни. Но паралелно со дипломатијата, Вашингтон турка видливо воено засилување во регионот. Трамп порача дека или ќе има договор, или ќе следи „нешто многу тешко“, алудирајќи на претходни удари.
„Имаме армада што оди таму“, најави Трамп
Trump warns: "No deal with Iran, something very harsh is coming."
"Fleet is in place… maybe another on the way."
Netanyahu likely pushing Trump toward a strike over Iran’s nuclear & missile program. 🔥Source: @DI313_ pic.twitter.com/GRIOMjxnmR
— War Monitoring (@WarMonitoring_x) February 10, 2026
Во изјава за „Аксиос“, Трамп рече дека очекува втора рунда американско-ирански разговори да се одржи следната недела. Истовремено, тој отворено кажа дека „размислува“ за испраќање на уште една ударна група со носач на авиони. Американски функционери потврдуваат дека се воделе дискусии за вакво дополнително распоредување, како сигнал дека ескалацијата не е исклучена ако дипломатскиот канал се затвори.
Покрај „УСС Абрахам Линколн“, се отвора простор за втор бран притисок
Во регионот веќе е присутна ударната група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, со повеќе придружни бродови и воздушни капацитети. Трамп тврди дека токму заканата со сила го менува однесувањето на Техеран и дека разговорите овојпат се „тотално различни“. Пораката е јасна: дипломатија на маса, но и тврд ултиматум во позадина, додека регионот влегува во нова фаза на неизвесност
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден







