во ,

Украинците уништија руско технолошко чудо од 400 милиони долари: Дронови влегоа во пристаништето Новоросијск

Украински подводни дронови уништија руска подморница од класата „Варшавјанка“ (проект 636.3) во руското пристаниште Новоросијск, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на безбедносни извори.

Супер Попуст -25%

Според Украинската служба за безбедност (СБУ), подморницата претрпела критични оштетувања од експлозијата и е ставена надвор од употреба. Ова пловило, познато како „Црна дупка“ поради својата способност да остане невидливо за сонарите, било опремено со четири лансери за крстаречки ракети „Калибр“ со кои се вршени напади врз Украина.

Цената на оваа подморница изнесува околу 400 милиони долари, но поради санкциите, замената би чинела до 500 милиони. Акцијата е заедничка операција на воената контраразузнавачка служба на СБУ и украинските поморски сили. Портпаролот на морнарицата, Дмитро Плетенчук, потсети дека руската флота досега претрпела сериозни загуби со 15 уништени и 12 оштетени бродови.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој е грчкиот „Ескобар“ уапсен во Катерини? Од морнар до мозок на операција со 7 тони кокаин

Мицкоски: „Го вративме името, дури и Венко Филипче заборави на ‘Северна’!“