
Човештвото со децении е засипено со наводни докази, заматени снимки и тајни извештаи, но познатиот американски астрофизичар, писател и најголем популаризатор на науката во модерната ера, Нил Деграс Тајсон, смета дека е време за следното ниво. Тој јавно ја повика владата на САД итно да и го „прикаже на јавноста крајниот доказ“ за вонземски живот. Оваа негова реакција доаѓа веднаш по најновата официјална објава на класифицирани документи поврзани со феноменот на Неидентификувани летечки објекти (НЛО).
„Мислам че не барам премногу“ ─ Човештвото веќе нема да се шокира
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Гостувајќи во влијателната политичко-научна емисија Fox News Rundown, Тајсон отворено и со својот препознатлив критички дух истакна дека, и покрај огромната количина на информации, на јавноста сè уште ѝ недостига она што е најубедливо – директен физички приказ на вонземско битие.
Поводот за оваа дебата е потегот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која минатиот петок објави нов пакет класифицирани документи за НЛО појавите. Овие специфични материјали беа поставени директно на официјалниот сајт на Министерството за војна на САД, при што беа откриени десетици воени случаи кои врвните владини истражители со години не успеале логички да ги објаснат, оставајќи ја природата на тие феномени целосно неразјаснета.
Сепак, астрофизичарот смета дека дури и во овој момент да биде прикажан жив вонземјанин, реакцијата на светската популација би била многу помалку драматична и панична отколку што предвидуваат холивудските сценарија. Причината за тоа, според него, е повеќедецениската експанзија на научната фантастика, филмовите и поп-културата кои веќе нè десензибилизираа на оваа тема.
Единствениот вистински шок би бил доколку вонземјаните изгледаат како луѓе
Зборувајќи за потенцијалниот физички изглед на суштествата од другите галаксии, Тајсон изнесе една фасцинантна биолошка теза која го отфрла холивудскиот клише-приказ на вонземјани со човечки контури.
👽 Научниот став на Нил Деграс Тајсон:
„Јас лично би бил шокиран единствено доколку вонземјанинот биде хуманоиден. Кога ќе ја погледнеме статистиката на биолошката разновидност на Земјата, каде што ние ја делиме истата ДНК структура со сите други форми на живот, гледаме дека огромното мнозинство од животот на нашата планета воопшто не е хуманоидно. Затоа, секое битие кое еволуирало на друга планета би требало да изгледа сосема поинаку од луѓето и најверојатно нема да има ниту слична ДНК структура. Но, освен тоа, мислам дека сме комплетно подготвени. Секако дека сме подготвени, отсекогаш бевме.“
Изјавите на Тајсон брзо се проширија во светските научни кругови, отворајќи нова дебата за тоа колку транспарентност навистина должат светските влади кога станува збор за безбедносните прашања поврзани со космосот.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден








