
Унгарија нема да прифати да купува поскапа нафта по политичка наредба, порача шефот на дипломатијата Петер Сијарто, нагласувајќи дека Будимпешта ќе ги брани ниските цени на енергијата и својот суверенитет и покрај притисоците што доаѓаат од Украина.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Сијарто изјави дека Унгарија самостојно ќе одлучува од каде и по која цена ќе купува енергенси, додавајќи дека никој нема право да диктира такви одлуки. Според него, приоритет е заштитата на унгарските семејства од високите трошоци за енергија.
Критики од Балтикот и остар одговор од Будимпешта
Унгарскиот министер реагираше и на изјавата на литванскиот шеф на дипломатијата Будрис Кестутис, кој изјавил дека се срами што живее во Европа каде некои држави и понатаму купуваат евтина руска нафта.
Сијарто возврати дека дел од балтичките држави веќе долго време ја следат линијата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, но дека Унгарија нема да подлегне на такви притисоци.
Будимпешта ја брани својата енергетска политика
Според Сијарто, енергетската стратегија на Унгарија има конкретна цел – ниски цени за домаќинствата. Тој истакна дека во многу европски земји граѓаните плаќаат три до четири пати повисоки сметки за комунални услуги отколку во Унгарија.
„Ќе ги заштитиме пониските цени на енергијата и ќе го одбраниме нашиот суверенитет“, порача унгарскиот министер.
Проблеми со нафтоводот „Дружба“
Во меѓувреме, испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон Унгарија и Словачка беше прекината на 27 јануари. Украинските власти тврдат дека причината е руски напад врз нафтената инфраструктура во градот Броди во регионот Лавов.
Од друга страна, унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо се сомневаат дека Киев ја користи ситуацијата за политички притисок и можен обид за влијание врз унгарската изборна кампања.
Украинските власти ги отфрлаат овие обвинувања и велат дека работат на поправка на оштетената инфраструктура за да се обнови нормалниот транспорт на нафта.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








