во ,

Унгарија против Брисел: Сијарто најави тужба поради забраната за руски гас!

Унгарија во „војна“ со Брисел: Најави тужба пред Европскиот суд поради забраната за руски гас, Фон дер Лајен прогласи „нова ера“

Унгарија на 3 декември официјално соопшти дека ќе покрене правна постапка пред Судот на правдата на ЕУ против одобрувањето на привремениот договор во Европската Унија, кој предвидува целосно и постепено укинување на увозот на руски природен гас. Мерката, која Унгарија ја смета за директен напад врз нејзината енергетска безбедност, предвидува забрана за увоз на течен природен гас (LNG) до крајот на 2026 година, додека увозот преку цевководите треба да биде целосно запрен најдоцна до есента 2027 година. Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, беше дециден: „Прифаќањето и спроведувањето на оваа бриселска наредба е невозможно за Унгарија“, посочувајќи на фактот дека земјата нема излез на море и е целосно зависна од руските енергетски резерви.

Фон дер Лајен: „Целта е нула евра за Путин“

Супер Попуст -25%

Наспроти унгарскиот револт, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, триумфално изјави дека ЕУ влегува во „нова ера на целосна енергетска независност од Русија“. Таа ги презентираше и финансиските ефекти од досегашните санкции, истакнувајќи дека приходите на Москва драстично се намалени. „На почетокот на војната ѝ плаќавме на Русија 12 милијарди евра месечно, а сега сме на 1,5 милијарди. Тоа е сè уште премногу. Нашата цел е да го намалиме на нула“, порача Фон дер Лајен, нагласувајќи дека со ова се намалуваат средствата за финансирање на агресијата врз Украина.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОКАНТНИ БРОЈКИ ОД „СЕЈФ СИТИ“: 22.600 прекршоци за само 12 часа, еден возач „летал“ со 209 км/ч!

Муцунски во Брисел: Коридорот 8 не е само пат, туку безбедносен штит за НАТО!