во ,

Уставниот суд со остра порака до партиите: Не нè вовлекувајте во политички пресметки

Уставниот суд остро реагира на обидите неговите одлуки и меѓународни активности да се користат за партиски пресметки. Од Судот порачуваат дека нема да подлегнат на политички притисоци и бараат поголема одговорност во јавната комуникација.

Уставниот суд упати остри критики за обидите за партизација и политизација на неговата работа, оценувајќи дека одредени политички партии ги користат судските одлуки и меѓународните активности за зголемување на сопствената политичка видливост.

Супер Попуст -25%

Во официјалното соопштение не се наведува за кои партии станува збор, но се посочува дека меѓународната соработка на Судот била ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки.

Три меморандуми за меѓународна соработка

Од Судот нагласуваат дека меѓународната соработка е една од нивните стратешки определби и составен дел од институционалното работење.

Во текот на годината биле склучени три меморандуми со уставните судови на Косово и Србија, како и со Врховниот уставен суд на Египет.

На македонскиот Уставен суд му било доверено и претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови во текот на оваа година.

„Нема да подлегнеме на политички притисоци“

Уставниот суд порачува дека ќе остане доследен на својата уставна надлежност и независност и дека нема да прифати политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација.

Политичките фактори се повикани да покажат поголема уставна и политичка култура и партиските конфронтации да не ги водат на сметка на владеењето на правото и институциите задолжени за заштита на уставниот поредок.

Одлуките се конечни и задолжителни

Судот ги оцени како недозволени квалификациите дека негови одлуки се „неуставни“ или „незаконски“.

Во соопштението се потсетува дека, согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни, извршни и општозадолжителни.

Од институцијата сметаат дека повиците за протести насочени против нејзините одлуки не придонесуваат за владеењето на правото и европските вредности.

За Судот не се важни имињата, туку постапката

Уставниот суд нагласува дека за неговото одлучување не е важно како се именуваат улиците, училиштата или инфраструктурните објекти.

Судот, како што се наведува, не ја оценува политичката содржина на таквите одлуки, туку проверува дали тие биле донесени во законски пропишана постапка.

Како пример се наведени одлуките поврзани со постапките за преименување на улиците во Чаир, за кои Судот тврди дека биле донесени исклучиво врз основа на оцената на уставноста и законитоста.

Апел за запирање на невистините и манипулациите

На крајот од соопштението, Уставниот суд ги повика сите политички чинители да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација.

Од нив се бара да не шират невистини и манипулации на сметка на институцијата која има задача да го штити Уставот и уставно-правниот поредок на државата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По стапките на своите родители: Александар стана галички зет точно 35 години подоцна

Ужас во Оклахома: Фрлил „молотов коктел“ кон маж во инвалидска количка