во

Формула студент: Македонски студенти го претставија новиот тркачки болид!

Тим од талентирани македонски инженери и студенти официјално го претстави новиот тркачки болид. Проектот на „MES Racing“ докажува дека младите имаат знаење и капацитет за меѓународната сцена.

Настанот се одржа во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, каде тимот ги презентираше резултатите од изминатата сезона и напорниот процес на работа. Како круна на презентацијата, присутните имаа можност да проследат и демонстративно возење на новиот болид, кој е целосно развиен од македонските студенти. На промоцијата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, која изрази силна поддршка за овие млади иноватори.

Младите се сегашниот потенцијал на државата

Супер Попуст -25%

Министерката Божиновска потенцираше дека ваквите проекти се најдобриот доказ за потенцијалот кој го поседува Македонија. Таа нагласи дека инвестицијата во науката и техничкото знаење е директна инвестиција во македонската економија, бидејќи токму вакви кадри се неопходни за технолошки напредок. „Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал – треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат“, порача министерката, ветувајќи институционална поддршка.

„Овој болид не е само технички производ, тој е резултат на знаење, тимска работа, посветеност и многу часови вложен труд на овие млади луѓе.“

Прв и единствен македонски Формула студент тим

„MES Racing“ е првиот и единствен македонски Формула студент тим кој континуирано ја претставува државата на престижни меѓународни натпревари. Особено значајно е што на развојот на болидот заеднички работат студенти од различни области, спојувајќи го своето знаење од машинството и електротехниката во еден вистински инженерски тим. За досегашната институционална соработка, тимот ѝ врачи специјална благодарница на министерката Божиновска, која возврати со порака младите да продолжат да ги поместуваат границите на успехот.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова нафтена криза: Саудиска Арабија го стопира клучниот нафтовод по напади со дронови