
Средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски започнува значајна дипломатска мисија во Соединетите Американски Држави. Агендата опфаќа серија важни разговори на високо политичко ниво во Вашингтон, со директен фокус на клучните американски институции – Сенатот, Конгресот и Стејт департментот.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Покрај средбите со американските партнери, шефот на Владата ќе отпатува и за Њујорк, каде што како претставник на државата ќе има свое обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН).
„Засега нема планирано средби со бугарската делегација, а македонската влада цврсто останува на своите државни ставови и линии кога станува збор за националните интереси.“
Цврсти позиции и состанок со ЕУ
Во пресрет на патувањето преку гостување во централниот дневник, премиерот ги расчисти дилемите околу можните билатерални средби на маргините на Собранието на ОН. Тој категорично потврди дека македонските позиции остануваат непроменети и јасни пред меѓународната заедница, отфрлајќи ги шпекулациите за ад-хок средби со официјална Софија.
Во рамките на настаните во Њујорк, најавено е дека претставниците на Европската Унија планираат да одржат посебен состанок со лидерите од земјите на Западен Балкан, што ќе претставува уште една важна можност за афирмација на македонските приоритети.


