во

ЛЕВИЦА СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА: Перински не исплаќа породилно навреме, ама ќе праќа полиција по болните работници

Фондот за здравствено осигурување се претвора во репресивен апарат за сиромашните. Додека исплатите за породилно отсуство доцнат со месеци, директорот Златко Перински најавува строги контроли по домовите на болните работници, обвинуваат од политичката партија Левица.

Удар врз работничките права и скратување на боледувањата

Наместо да обезбеди здравствена сигурност и навремена исплата на надоместоците, Фондот за здравство подготвува нов удар врз работниците преку најавеното скратување на боледувањето издадено од матичен лекар и воведување дополнителни контроли. Од Левица реагираат дека власта ги третира болните работници како потенцијални измамници, наместо да ги заштити од секојдневната експлоатација и деградирачките услови за работа.

Супер Попуст -25%

Според партијата, наместо државата да се справува со работодавачите кои ги принудуваат вработените да работат болни и не го почитуваат работното време, директорот Перински најавува контролори кои ќе тропаат на врата за да проверуваат дали болниот работник е дома.

„Како може Фондот да најавува нови контроли врз работниците, кога не успева навремено да им ги исплати средствата што им следуваат? Како може да се зборува за дисциплина кај работниците, кога институцијата задолжена за нивната здравствена и социјална сигурност не си ја исполнува основната обврска кон породилките?“

Критики за несоодветно образование и партиски кадри

Опозициската партија отвори и прашања околу стручноста на раководството, потсетувајќи дека власта наменски менувала закон за да го постави Златко Перински на чело на Фондот. Од таму нагласуваат дека неговото образование е од областа на физичката култура, додека магистерската диплома му е од Универзитетот за туризам и менаџмент, кој неодамна се најде во центарот на скандалот со фалсификуваните дипломи.

Скратувањето на боледувањето не е реформа, туку директно ограничување на правото на лекување, децидни се од Левица. Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој ќе им биде потпора кога се болни, а не механизам кој ќе ги плаши со санкции.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА ВО САД: Мицкоски на средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА: Марјан Ристески во работна посета за унапредување на трудовата мобилност