
Поради драстичното покачување на цените, некогаш евтините деликатеси како чварките и кајмакот сега се купуваат на грам. На пазарите килограм чварки достигна цена од околу 800 денари, што ги претвори овие традиционални „бомбони од свиња“ во луксузна храна.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Продавач на чварки објаснува дека цената од 800 денари по килограм е непроменета од минатата година. „Луѓето купуваат според можностите. Чварките се популарни, особено во зимската сезона, а заедно со нив се продава и сланина, чија цена варира од 400 до 700 денари по килограм.“
Во текот на зимата, производите од млеко, како кајмакот и сирењето, се исто така дел од традиционалните оброци, и покрај високите цени. Но побарувачката за овие производи е значително помала во споредба со претходните години.


