
Македонскиот работник е модерна верзија на антички роб. Евростат ги потврди нашите најголеми стравови. Ние сме апсолутни рекордери по изгубено време на работа. Балканот е најголемата фабрика за исцрпени и депресивни луѓе. Додека Холанѓаните садат лалиња, ние р’мбаме за преживување. Работиме најмногу, а заработуваме убедливо најмалку. Ова е нашиот тажен економски парадокс. Системот безмилосно го цеди секој атом сила од граѓаните.
Земјоделци и менаџери на иста мака
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Просечен Македонец троши четириесет часа неделно за туѓи профити. Тоа е цела една вечност во споредба со западна Европа. Земјоделците и менаџерите се најголемите жртви на овој суров систем. Администрацијата, очекувано, најдобро се снаоѓа со паузите. Економијата бара крв, пот и бескрајно трпение од обичниот народ. Ние буквално ја носиме државата на наш грб. За жал, тој грб е веќе сериозно искривен од товар.
Викендот е само убав урбан мит
Недела неработен ден? Тоа е одлична шега за македонските газди. Повеќе од триесет проценти од луѓето работат за викенд. Законот е само парче хартија што никој не го почитува. Ние сме европски шампиони во работа за сабота и недела. Најлошо од сè е фактот за нашата ефикасност. Долгото работно време воопшто не значи поголема продуктивност. Богатите лежат, а ние оставаме здравје само за да нè види газдата.


