
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги финализираа деталите за историската сообраќајна реформа што треба да стави крај на хаосот по улиците во главниот град.
На координативниот состанок со стручните тимови беше потврдено дека системот „Сејф Сити“ (Safe City) е подготвен за старт, а најголемата новина што ќе ја почувствуваат возачите е воведувањето на таканаречениот „Паметен зелен бран“.
Што е „Паметен зелен бран“?
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
За разлика од старите и статични системи, новиот концепт кој го најави Ѓорѓиевски користи напредна технологија и вештачка интелигенција. Овој систем во реално време ќе го мери протокот на возила и автоматски ќе ги прилагодува семафорите за да се намалат гужвите.
„Наместо застарениот концепт од минатото, воведуваме модерен и адаптивен систем. Ова е суштинска реформа која ќе овозможи побрзо и поефикасно движење низ Скопје“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Крај за вандализмот и дивеењето
Освен регулација на сообраќајот, „Сејф Сити“ има и силна безбедносна компонента. Камерите ќе служат како алатка за искоренување на девијантното однесување и уништувањето на урбаната опрема, проблем со кој Скопје се бори со години.
Во наредниот период, Советот на Град Скопје треба да донесе и клучни одлуки за дистрибуцијата на стоки во централното градско подрачје, што дополнително ќе го растовари метежот. Според најавите, контролата и брзата реакција на службите ќе станат новиот стандард за метрополата.


