во ,

Јутјубер им дава автомобили, куќи и кредитни картички на следбеници и сограѓани

Џими Доналдсон (23) на „Јутјуб“ е познат како Мистер Бист (MrBeast). Тој е еден од најуспешните јутјубери на сите времиња, бизнисмен и филантроп. Тој е популарен по тоа што многу заработува, но и по тоа што дава уште повеќе.

Џими почнал да снима видеа во 2012 г., а најчесто снимал видеа од видеоигри. Денес има 69,3 милиони следбеници на главниот канал, речиси 22 милиона на каналот посветен за видеоигри и приближно 30 милиони на други четири канали.

Реклама

Заработува многу, но парите не ги троши на луксузни производи и одмори. Тој троши 4 милиони долари месечно на своите видеа, во кои често им донира големи суми на следбеници.

Џими изјавил дека сака да заработува повеќе само за да прави подобри видеа и да го развива каналот, но не сака да заработува за себе. Затоа троши многу време истражувајќи го „Јутјуб“ за да направи подобри видеа.

Од неговите видеа може да се види како Џими донира автомобили, пари на лица што останале без работа, па дури и цела куќа на доставувач на пица.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Најлуди снимки од луѓе „уловени“ во неверство

Логиката и е малку слаба: На никој не му е јасно зошто мачката одлучи да дојде до топката на потешкиот начин (ВИДЕО)