
Захарова се закани: „Ќе има одговор за нападот на Путин, Зеленски е терорист“
Русија нема да остане нема на наводниот обид за напад врз резиденцијата на Владимир Путин. Портпаролката на МНР, Марија Захарова, на националната телевизија испрати јасна закана: „Ќе има одговор на ова“. Таа го обвини украинскиот претседател дека намерно спроведува „демонстративни напади“ токму во моментот кога Западот и Русија биле подготвени да започнат сложени мировни преговори.
Москва без докази, Киев демантира
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Нарекувајќи го Зеленски „терористички ренегат“, Захарова тврди дека целта на Киев е саботажа на мирот. Сепак, Москва сè уште нема понудено јавни докази (фотографии или видеа) за наводниот напад врз резиденцијата. Украина експресно ги отфрли овие тврдења како неосновани манипулации, чија единствена цел е Русија да најде изговор за да го прекине мировниот процес.


