во , ,

10 Бонтон правила кои секој треба да ги знае во ерата на модерните технологии

Развојот на технологијата промени многу нешта во нашите животи – од комуникација, па сè до начинот на работа. А, со толку многу новости, се појавија и нови бонтон правила кои би требало да ги почитуваме.

Погледнете ги 10-те бонтон правила кои станаа норма во ерата на технологијата:

Оставете телефонски број ако се паркирате на лошо место

Кога сте во брзање може да се случи да го паркирате автомобилот на незгодно место и да „заробите“ некој на паркингот. Бидејќи денес сите имаме мобилен телефон, во ваквите ситуации, секогаш е добро да оставите телефонски број во случај да треба веднаш да го преместите автомобилот.

Реклама

Не правете видео повици без најава

Никогаш не знаете каде е или што прави личноста која ја барате, па ако планирате да направите видео повик, секогаш треба да се најавите и да побарате дозвола.

Не додавајте странци на социјалните мрежи

Денес ретко кој ќе прифати барање за пријателство на Фејсбук од целосен странец. Дури и ако личноста ви изгледа познато, ако не се познавате лично, со барањето за пријателство ќе ја натерате да донесе непријатна одлука – или да ве одбие и да ви ги повреди чувствата, или да ве прифати без да сака.

Не барајте од блиските да гласаат за вас или вашето дете

Колку пати некоја блиска личност ви рекла да гласате за цртежот на нејзиното дете или нешто слично на Фејсбук? Во овие моменти сигурно сте се почувствувале непријатно. Ако, пак, вие имате навика да го барате ова од другите, време е да престанете. Најпрво, со молењето за лајкови се губи смислат на ваквите натпревари, а истовремено, ретко кој со задоволство ќе гласа за вас.

Не споделувајте фотографии од други без дозвола

Социјалните мрежи се важен дел од нашите животи и никој не сака да се споделуваат информации и фотографии од него без дозвола. Денес е доволна една лоша фотографија за да нарушите нечиј углед, па немојте да објавувате ништо ако не добиете дозвола за тоа.

Нема потреба да го споделувате секој миг од вашиот живот

Ако сте на концерт, некаде во природа или каде било, нема потреба да споделувате фотографија од секој миг. Нормално дека ќе сакате да правите фотографии и видеа, но вашите пријатели и следбеници сигурно не ги интересираат сите детали од вашето искуство.

Не озборувајте онлајн

Денес е многу лесно да направите скриншот од разговорот со некој и да го пратите на други луѓе. Но, ова не само што е неучтиво, туку може да ве стави во навистина незгодна ситуација. Не заборавајте дека штом разговор се одвивал онлајн, и вашиот соговорник може да направи скриншот и да ве издаде дека озборувате.

Кажете му на соговорникот ако го пуштите на спикер

Никогаш немојте да го пуштате соговорникот на спикер без да му кажете и без да добиете дозвола. Помислете како би се чувствувале вие ако разговарате со некој на телефон, за дури на крајот да сфатите дека целиот ваш разговор го слушале и други луѓе.

Оценувајте ги местата што ги посетувате

Онлајн рејтингот е особено важен деновиве. Сигурно и вие кога посетувате нов ресторан прво ги гледате оценките и коментарите на оние кои веќе го посетиле. Затоа, секојпат кога ќе бидете задоволни од услугата, добро би било да му дадете добра оценка на локалот.

Не се однесувајте арогантно ако добиете повик во лош момент

Голема е веројатноста барем еднаш да добиете повик додека возите, плаќате на каса или имате некоја друга работа. Во овие моменти нема потреба да бидете арогантни со личноста која ве побарала. Ако можете, прифатете го повикот и кажете дека во моментот сте зафатени. Или, можете само да го одбиете повикот и на личноста што ви се јавува ќе ѝ стане јасно дека ќе ја побарате подоцна.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најопасната пешачка патека во Европа – На висина од 90 метри само за оние со јако срце

22 Грди белгиски куќи од кои било кој архитект на светот ќе има кошмари