во ,

10 Супер комедии „скроени“ за опуштање во празничната сезона

Останува уште 1 неделa до најубавите празнични денови. Возбудата полека расте, и покрај фактот што сите имавме исклучително лоша и тешка година исполнета со многу предизвици.

Да се опуштиме и релаксираме со следните 10 одлични комедии обоени во празнични мотиви:

Get Santa

Откако ќе ја скрши санката и ќе го привлече вниманието на локалната полиција, Дедо Мраз бара помош од татко и син за да ги собере ирвасите со цел да се врати дома и да се осигури дека Божиќ не е уништен.

Реклама

Dr. Seuss‘ The Grinch

Гринч станува сè повеќе изнервиран од празничното расположение што царува во гратчето Хувил. Тој се здружува со своето куче за да го уништи празничниот дух.

A Very Harold & Kumar Christmas

Таткото на сопругата на Харолд му дава задача да внимава на новогодишната елка. Но, тој и неговиот поранешен цимер Кумар ненамерно ја уништуваат. Двајцата тргнуваат да најдат замена за оштетеното дрво.

A Bad Moms Christmas

Трите откачени мајки, Ејми, Кики и Карла, креваат бунт против предизвиците, очекувањата и притисокот што Божиќ го носи со себе.

Arthur Christmas

Кога необичниот син на Дедо Мраз, Артур, дознава дека поради техничка грешка едно мало девојче нема да добие подарок за Божиќ, тој тргнува на мисија да го достави самиот пред да биде предоцна.

Office Christmas Party

Божиќната прослава во една компанија излегува надвор од секоја контрола откако Клеј, управителот на филијалата, организира луда прослава за да го импресионира клиентот и да ги задржи својата филијала и вработените.

Four Christmases

Бред и Кејт планираат да одат на одмор на Фиџи за да ги поминат новогодишните празници таму. Меѓутоа, кога планот се откажува, тие се принудени да ги посетат сите четири разведени родители за Божиќ.

Christmas with the Kranks

Семејството Кренк решава да ги бојкотира празниците. Целото соседство е ужаснато од овој „скандал“ и бојкот. Но, кога нивната ќерка ќе одлучи да се врати дома за празниците, тие се принудени брзо да организираат голема прослава.

The Night Before

Последните 10 години, Итан, Ајзак и Крис се собираат на Бадник за да ги прослават празниците со луда забава. Додека Исак се подготвува да стане татко за прв пат, пријателите сфаќаат дека на нивната долгогодишна традиција полека ѝ се наближува крајот.

Noelle

Ќерката на Крис Крингл е девојка исполнета со божиќен дух, но посакува да може да направи нешто „важно“ како нејзиниот сакан брат Ник, кој треба да го преземе местото на нивниот татко овој Божиќ. Ник тренира да стане Дедо Мраз, но не успева во тоа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Ситуации во кои Меган Маркл нѐ потсети на принцезата Дијана и ни предзивика горко-слатки емоции

Дворец во долина на вилите: Шармантното романско село создадено како за одмор од бајките