во ,

10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сè

Одвреме-навреме на секој од нас му се случува да не сака да прави ништо освен да се смести удобно и да изгледа некој филм. Најчесто ова се стресни периоди кога се чувствувате преплавено од сè. Доколку ви е потребен краток одмор, изгледајте некој од овие филмови коишто навистина ќе ви помогнат да заборавите на сè.

1. „Флоренс Фостер Џенкинс“ (Florence Foster Jenkins)


Оваа трагикомедија е навистина шармантна. Мерил Стрип ја гледаме во улога на богата жена од Њујорк која има сè, но сака да биде оперска пејачка и покрај тоа што има ужасен глас. Во улогата на нејзиниот сопруг ќе го гледате прекрасниот Хју Грант.

2. „Недопирливи“ (The Intouchables)

Креаторите на овој филм успеале да создадат духовито, шармантно и весело дело кое го слави животот. Филмот е комбинација од комедија и драма за два целосно различни ликови.

3. „Одморот“ (The Holiday)

Две жени живеат 10.000 километри оддалечени една од друга, а и двете се навистина несреќни. Се запознаваат преку Интернет на веб-сајт за размена на апартмани и го прават токму тоа, си ги разменуваат апартманите. Оваа одлука целосно ќе им ги промени животите.

4. „Соул кичен“ (Soul Kitchen)

Филмот на германскиот режисер со турско потекло, Фатиха Акина сигурно ќе ви го подобри расположението. Дејството се случува околу ресторанот „Соул Кичен“ во Хамбург, а сите ликови сигурно ќе ви се допаднат.

5. „Љубов, всушност“ (Love Actually)

Можеби овој филм ви е веќе изгледан десет пати, но време е да го погледнете уште еднаш. Љубовта навистина може да промени сè – од згодниот нов премиер кој се вљубува во неговата секретарка, до писателот кој бара некој што ќе го освои неговото скршено срце. Уште подобро за филмот е што има и одлична актерска екипа.

6. „Мама миа!“ (Mamma Mia!)

Ако ја сакате познатата група АВВА, тогаш ќе уживате во овој мјузикл полн со нивните најголеми хитови. Дури и ако не ви се допаѓа нивната музика, филмот ќе биде незаборавно патување. Покрај тоа, прекрасните локации на коишто е снимен филмот нема да ве остават рамнодушни.

7. „Луда, глупава, љубов“ (Crazy, Stupid, Love)

Ова е навистина весел филм и во текот на целото негово траење ќе имате насмевка на лицето. Рајан Гослинг, Ема Стоун и Стив Карел ќе го освојат вашето срце.

8. „Јади, моли се, уживај“ (Eat, Pray, Love)

Елизабет Гилберт, која е во брак, еден ден одлучува да го напушти нејзиниот живот што повеќе не го сака. По болниот развод сака да патува низ светот за конечно да се запознае себеси. Кога имате слободно време и сте смирени, уживајте во овој филм.

9. „Свадбата на Мјуриел“ (Muriel’s Wedding)

Ова е филм кој не се заборава и што треба да го изгледате повторно по некое време. Ова е повеќе од обична романтична комедија, бидејќи ќе ве научи дека не треба да бегате од себе.

10. „Украдена убавина“ (Stealing Beauty)

Прекрасната и млада Лив Тајлер го прави овој филм бесмртен. Филмот е вистинско уживање и за вашите очи и за вашите уши, поради неверојатните пејзажи, прекрасната глума и одличната музика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Познати личности кои драстично го променија својот изглед и ја изненадија јавноста

Време е за бањање, но на оваа кучeнце изгледа не му се допаднала идејата