во ,

10 смешни, но вистинити разлики меѓу мажите и жените

Речиси и да не постои маж или жена кој/а нема да се насмевне уште на прво читање. Само не ги сфаќајте работите премногу сериозно и сè ќе биде поинтересно…

1. Прекари

Ако Маја, Ана и Ивана седат на кафе, една на друга си се обраќаат со срце, маче, злато…

Ако Драган, Бојан и Иван седат на пиво и гледаат фудбал, најверојатно еден на друг ќе си се обратат со дебилу, идиоту и еј, дебел.


2. Пари

Мажот ќе даде 100 денари за работата која реално чини 50 денари, ако навистина му треба.

Жената ќе даде 50 денари за работа која чини 100 денари, иако воопшто не и треба, но важното е дека била на распродажба.


3. Бања

Мажот има 5 работи во бањата – четка за заби, паста за бричење, брич, сапун и пешкир.

Просечниот број на предмети за разубавување кои жената ги има во бањата е 335, од кои повеќето се мистерија за мажите.


4. Кавги

Жената го има последниот збор во секоја кавга.

Било што што ќе каже мажот понатаму е почеток на нова кавга.


5. Животни

Жените обожаваат мачки.

Мажите велат дека обожаваат мачки, но кога жената нема да гледа, тајно ќе ја шутне подалеку од него.


6. Иднина

Жената се грижи за иднината додека не се омажи.

Мажот воопшто не се грижи за иднината… додека не се ожени.


7. Успех

Успешен маж е оној кој заработува многу повеќе отколку што неговата жена може да потроши.

Успешна жена е онаа која ќе најде таков маж.


8. Брак

Кога стапува во брак, жената очекува дека нејзиниот партнер ќе се промени.

Кога мажот стапува во брак, очекува дека неговата избраничка нема да се промени, но таа сепак го прави тоа.


9. Гардероба

Жената се дотерува кога оди во шопинг, кога го фрла ѓубрето, кога се јавува на телефон, чита книга…

Мажот се дотерува за венчавка и евентуално за погреб.


10. Будење

Кога ќе се разбудат, мажите изгледаат исто како кога си легнале.

На жените во текот на ноќта им се случува нешто чудно, па наутро не си личат на себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Фотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундленд

12 Илустрации кои прикажуваат како би изгледале Барби и Кен ако беа Балканци