во , , ,

11 Неверојатни факти за животот во Малезија

Локалците имаат некои чудни навики, на пример бидејќи патиштата се нечисти, моторциклистите за да се заштитат од правот, ветерот и непредвидливото време често ја носат јакната обратно.

За разлика од најблиските соседи Тајланд, Сингапур и Индонезија, Малезија не е толку популарна земја кај туристите.

Како изгледа животот таму, кои се навиките на локалците?

Реклама

Факти за животот во Малезија:

Аеродромот во Куала Лумпур, главниот град на Малезија, изгледа како тропска дождовна шума

Мотоциклистите често ги носат јакните обратно

Времето во Малезија е непредвидливо и Куала Лумпур е познат како град во кој удираат многу молњи секоја година. Во текот на годината има дури 220 денови со дожд. Сонцето може за биде заменето од невреме во рок од неколку минути.

Плус, патиштата се нечисти, па мотоциклистите за да се заштитат од правот, ветерот и непредвидливото време често ја носат јакната обратно.

Околу 450.000 луѓе ја преминуваат границата помеѓу Малезија и Сингапур секој ден (во нормални услови, пред пандемијата)

Многу луѓе живеат во една земја, но работат во друга, па секој работен ден оваа граница е една од најпрометните во светот.

Малезијците обожаваат хорор филмови и најчесто снимаат токму такви

Во кино има светла во текот на целиот филм, ова е конзервативна земја и на овој начин се спречува младите парови да разменуваат нежности

Забрането е да се гледаат пазувите на ТВ програмата

Покрај интимните делови од телото, забрането е и покажување на пазувите, па така кога оди реклама за антиперспиранти жените се снимани од грб, за пазувите да не дојдат во прв план.

Не постои 4-ти кат на копчињата во лифтовите

Некогаш по 3-ти следува 5-ти, а некогаш 3-ти, па 3а, па 5-ти. Бројот 4 на кинески звучи како „смрт“, а Кинезите се најголемо малцинство во оваа држава, па затоа се избегнува четворката.

Се кани шаман на теренот пред фудбалскиот меч за да даде благослов

Насекаде има гуштери, живеат во каналите во големите градови и се хранат со отпадоци

Во некои региони од Малезија имаат чудни традиционални верувања од типот дека по венчавката младенците не треба да одат во тоалет 3 дена

Тие наводно внимаваат на консумирањето храна и пијалаци, затоа што одењето во тоалет и кршењето на традицијата наводно ќе им донело несреќа. Се разбира, станува збор само за пренесување на народни верувања.

По раѓањето на дете жената не треба да го напушти домот 1 месец

Само најблиските смеат да ја посетат жената во овој период, а таа е посветена комплетно на домашните обврски.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Фотографии од поларните светла се вистински доказ дека магијата постои

Научниците открија чуден сигнал – се сомневаат дека Земјата ја посетиле „непознати гости“?