во , ,

12 Фотографии од поларните светла се вистински доказ дека магијата постои

Аурора бореалис е природен феномен кој може да се види во поларните краеви на светот.

Замислете го небото во илјада бои. И ѕвездите се толку сјајни што ви се чини дека можете да ги дофатите. Глетка на која не може никој да остане рамнодушен – Аурора бореалис, природен феномен за кој ќе морате да одите малку подалеку доколку сакате овој спектакл од бои да го видите со свои очи, по зборовите на светските патници, постојат 6 локации на кои светлата се најубави и најсилни.

Поларните светла можат да се видат во близина на Арктикот и Антарктикот. Настануваат како резултат на пореметувања во магнетосферата и се предизвикани од соларниот ветер. Овие пореметувања понекогаш се толку силни што можат да го променат движењето на наелектризираните честици. Поради оваа сложена реакција, доведува до емитување на светла во различни бои.

Поларните светла можат да се видат од август па се до почетокот на април. Сепак како што се наведува на Wikipedia, од септември до март е доволно мрачно од 6 попладне па аурора бореалис може полесно да се воочи.

Тромсо во Норвешка, Лапонија, Рејкјавик во Исланд, Јукон во Канада, Рованеми во Финска, Илулисат во Гренланд се местата каде може да се набљудува аурора бореалис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дупка длабока 5 метри се отворила мистериозно: Археолозите откриле што се крие зад ова, приказната почнува во 19-ти век

11 Неверојатни факти за животот во Малезија