Она што ни било неподносливо, па дури и сме го мразеле, подоцна во животот го гледаме како вистински благослов.
Во продолжение погледнете неколку забавни илустрации што одлично го прикажуваат овој „феномен“:
Некогаш маслинките беа најлошата храна, но сега се одличен додаток во речиси секој оброк.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден

Легнувањето рано беше најголемата казна. Сега сме благодарни ако успееме да заспиеме во разумно време.

Постојаното мрдање и додевањето на родителите беа неизбежни делови од долгите патувања. Сега, овие патувања се одлична можност да посветиме малку време за себе.

Фризерските салони беа причина за стрес, а сега, пак, ни помагаат да се релаксираме.

Во детството, здравата храна не ни изгледаше привлечна како сега.

Ако некогаш најважен бил изгледот, денес повеќе се грижиме за удобноста.

Помладата сестра повеќе не е најдосадната личност, туку најдобрата пријателка.

Одењето во село и во природа стана многу поинтересно.

Во детството се радувавме кога добивавме подароци. Сега сме посреќни ако ние подариме нешто.

Останувањето дома некогаш беше казна. Денес е благослов.

Дремката после ручек е причина за радост, а не фрустрација, како во градинка.

За празниците најмногу ѝ се радувавме на храната, но сега уживаме во целиот празничен период.

За жал, пеглањето засекогаш ќе остане досадна активност.



