во ,

14 Лажни фотографии за кои на целиот свет поверува дека се вистински

Интернет корисниците секој ден испраќаат милиони фотографии. Различни фотографии ги прават луѓето да се чувствуваат различно, но сликите што поттикнуваат силни емоции честопати стануваат вирални.

Секој ги сака и споделува овие слики, но не секој одвојува време да ги прочита коментарите. Ако тоа е случај, ќе увидите дека некои од фотографиите всушност се лажни.

1. Зад сцените на студиото MGM

Реклама

Веројатно ја имате видено фотографијата лево. Вистинската фотографија е всушност лав на преглед кај ветеринар. Добрите вести се што лавот целосно оздравел и денес е со одлично здравје. Интересен факт е тоа што за потребите на студиото MGM, биле користени 7 лавови. Името на сегашниот лав е Лео и се има појавено во повеќето филмови од 1957-ма година, па сè до денес.

2. Астронаут што пуши марихуана во вселената

Слободно може да се каже дека Крис Хедфилд е еден од најсаканите астронаути на светот. Неговите неверојатни видеа од вселената ни одговорија многу прашања за животот без гравитација. На вистинската фотографија, Крис е фотографиран со велигденски јајца кои биле изненадување за неговите колеги.

3. Мачка со веѓи

Интернетот едноставно ги сака животните, особено ако изгледаат слатко и чудно. Па без сомнение, фотографијата од мачка со мустаќи и веѓи ќе биде многу популарна. Во реалноста, мачката ги има само раскошните мустаќи.

4. Бран од ориз

Ова е неодамнешна популарна фотографија на која се гледа момче кое прави неверојатен бран од оризот во неговата тавичка. Фотографијата привлече многу внимание за многу кратко време. За жал, бранот од ориз е скулптура изложена во Токио.

5. Дете кое спие до гробовите на родители во Сирија

Оваа фотографија трогна многумина, но и таа е лажна. Детето на фотографијата всушност позира и воопшто не лежи до гробови.

6. Неиспланирано име

Пред некое време оваа фотографија најдобро го прикажуваше Интернет хуморот и ироничната грешка беше споделувана постојано. За жал, и оваа фотографија е лажна.

7. Жена во невозможна позиција

Уште една од најпознатите фотографии на Интернет е лажна. Иако на вистинската фотографија жената има кренато само една нога, сепак изгледа малку чудно.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

28 Смешни мемиња за животот пред и после децата

Избери ја најсовршената боја за својата коса на најлесен начин