во , ,

16 Неверојатни факти за Индија кои ќе ве натераат да зажалите што не сте ја се уште посетиле

Нехигиенски услови, нечистотија и сиромаштија се првите нешта на кои помислувате кога ќе ви ја спомнат Индија.

Но, Индија е држава со многу мудрост, неверојатна историја, рушевини од древни градови, источни зачини и прекрасна природа.

Ова е државата што на светот му ги даде големата цивилизација, броевите, шахот и ајурведата. Оваа држава ќе го восхити и најискусниот патник.

Реклама

1. Неверојатни бои

Индија е мултинационална држава со над 400 етнички групи. Овде има и многу млади луѓе. Половина од населението се мажи и жени помлади од 25 години, а две третини се луѓе помлади од 35. Во државата има 21 официјален јазик, односно 1.600 ако се бројат сите дијалекти. Жените носат сари, додека мажите носат фармерки и маички кои ни се познати на сите. Постарите луѓе носат лунги, парче материјал завиткано околу телото. Локалните жители се навистина добри, отворени и дарежливи и ги сакаат туристите.

2. Уникатна флора и фауна

Кога туристите ј посетуваат Индија се надеваат дека ќе видат слонови. Но, тоа се скапи животни што можат да си ги дозволат само богатите. Камилите од друга страна се навистина пристапни. Кравите се почитуваат многу и можете да ги видите како шетаат низ големите градови како Делхи. Во повеќето места ако убиете крава можете да бидете казнети. На пример, во Харјана убиството на крава ќе ве чини 10 години затвор. Во оваа држава има и многу ретки животни и растенија. Третина од флората е целосно уникатна. Нема да видите такви растенија на никое друго место во светот.

3. Транспорт

Внимавајте на патиштата бидејќи овде нема правила. Ако сакате да ве забележат треба да свирнете. Свирењето ви дава право да завртите каде било. Нивото на удобност во јавниот превоз директно зависи од цената. На пример втората генерална класа за седење ја користат најсиромашните. Патниците не седат само на седиштата, туку и на подот и на местото за багаж. Ако платите повеќе можете да се надевате на климатизиран простор. Ако сакате луксуз, одберете го возот Махараџа. Ова е најдобриот воз во цела Азија.

4. Нешта за гледање

Мумбај е најбогатиот и најсиромашниот град во Индија. Овде можете да видите облакодери, но и сиромашни населби. Не заборавајте да посетите и некои од познатите храмови – Тирумала Венкатесвара, пештерите Елора, храмот Сомнат, храмот Каши Вишванатан и многу други. Овде ќе најдете и голем број џамии – над 300.000. Една од најглавните атракции во Индија е Таџ Махал, градба за која биле потребни 30 години и 20.000 работници.

5. Храна

Луѓето во Индија се навикнати на многу зачинета храна. Дури и ако замолите за помалку зачини, ќе добиете оброк со многу куркума. Поголемиот дел од населението се вегетаријанци, па има многу места од кои можете да купите овошје и зеленчук. Ако сакате манго, во Њу Делхи има годишен фестивал посветен на ова овошје.

Ќе ве воодушеват и садовите. На северниот дел од државата ќе најдете чинии направени од глина и лисја. Причината не е тоа што се еколошки, туку овие чинии се многу поевтини од пластични или хартиени. Листовите од банана се користат како садови на јужниот дел од државата.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Црногорски заповеди

60 Брутални илустрации кои ќе не нетераат да се запрашаме во каков всушност свет живееме