во ,

21 Генијални начини на кои луѓето го спречуваат ширењето на корона вирусот

Пандемијата со корона вирусот предизвика вистински хаос во светот. Училиштата и факултетите се затворени, многу држави се под карантин, а на некои места, како кај нас, е воведен и полициски час.

Факт е дека ширењето на вирусот зависи од нас, па наша задача е да ги следиме препораките од експертите и да се однесуваме одговорно.

Во продолжение погледнете ги најкреативните начини на кои луѓето ширум светот се обидуваат да го спречат ширењето на вирусот:

Реклама

Пункт во болница каде што лекарите и медицинскиот персонал можат да земат храна за нив после напорните смени

Играње бинго со социјално дистанцирање

Во еден музеј во Финска, кој е затворен поради пандемијата, дел од експонатите се наредени покрај прозорецот

Станица за миење раце за бездомници

Супермаркет од Данска со брилијантна идеја против „трупањето“ залихи – едно шише гел за дезинфекција чини 4,09 долари, а две чинат 95 долари

Поcтер против правењето непотребни залихи со храна во Австралија

Во еден Starbucks локал ги тргнале сите маси за луѓето да не се собираат внатре

Чепкалки за притискање на копчињата во лифтот

Како треба да се однесуваме во продавница

Реклама во Саудиска Арабија: „Благодарност до секоја личност која не ја видела оваа реклама. Останете дома“

Микрофонот на новинарот е закачен за бејзбол палка за да се одржи препорачаното растојание од луѓето

„На работното место ни дадоа нови приврзоци за клуч“

Пластична преграда што ги штити продавачите и купувачите

Двојно пакување на лебот за да се намали ширењето на вирусот

Супермаркет во Нов Зеланд кој има каса само за стари лица

Плаќање со дрон

„Столчињата во чекалната на мојот лекар“

Ако ви треба висока маса за работа, но немате, еве ви генијално решение


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Кул и практични работи што може да ги купите од автомат во Јапонија

Браво херои! Македонци изработуваат визири за заштита на медицинските лица