во , ,

25 брутални вистини што никој од нас не сака да ги слушне

Постојат нешта за кои знаеме дека се вистинити, но сепак одбираме да ги игнорираме. Понекогаш причината е смешна, но понекогаш ги избегнуваме бидејќи ги „поткопуваат“ нашите најсилни верувања.

Сепак, реалноста е таа, па кога-тогаш ќе треба да ги прифатите следниве 25 вистини:

1. Вие сте негативецот во нечија приказна. Без разлика колку добри мислите дека сте, секогаш постои некои кој ве помни како лоша личност.

Реклама

2. Вие не сте посебни. Дури и ако сте 1 во милион, во светот сепак ќе има 7.000 луѓе како вас.

3. Некои од вашите најдобри сеќавања од детството се всушност лажни. Докажано е дека мозокот понекогаш навистина си измислува сеќавања.

4. Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат бидејќи животот не е фер. Но дури и ако беше фер, мнозинството од нас не би ги заслужиле нештата што ги сакаме.

5. Вие сте незначајни за остатокот од светот исто колку што ви се незначајни странците што ги одминувате секој ден.

6. Еден ден ќе бидете целосно заборавени од сите луѓе на Земјата.

7. Научниците се речиси убедени дека тираносаурусот рекс не „рикал“ како во филмовите.

8. На вашето лице живеат стотици организми и бубачки.

9. Изгледот сепак е важен. Истражувањата покажале дека атрактивните луѓе имаат повеќе можности и дека другите се однесуваат подобро кон нив.

10. Некои од најдобрите нешта што се кажани за некого се на неговиот погреб.

11. Некои работи се ваша вина. Можеби не сите, но поголемиот дел e. Можеби е тешко да го прифатите ова, но токму тоа ќе ви помогне да сфатите дека вие го контролирате вашиот живот и дека вие можете да го направите подобар.

12. Најчесто ќе завршите во „пријателската зона“.

13. Повеќето нешта во животот немаат едноставни решенија. Многу често и двете страни се грешка или двете страни се во право.

14. Шеќерот е дрога.

15. Некои луѓе имаат помала предност во зависност од тоа каде се родени. Доколку сте родени во сиромашно семејство и морате да го жртвувате образованието за да работите, секогаш ќе бидете зад оние кои го немале тој проблем.

16. Луѓето обично сакаат да ви оди добро, но не подобро од нив.

17. Секогаш кога пуштате вода во тоалетната школка без да го спуштите капакот, низ тоалетот се разнесуваат фекални материи.

18. Секој си го чепка носот, дури и атрактивната личност што ве привлекува.

19. Барем еднаш, вашите родители посакале да не ве родиле.

20. Во 21-виот век повеќе луѓе ќе умрат од прејадување наместо од глад.

21. Пушачите го чинат здравствениот систем помалку пари бидејќи умираат помлади.

22. Личноста којашто има најголема веројатност да ве убие сте самите вие.

23. Имате 4 пати поголеми шанси да се удавите во када, отколку да ве убие терорист.

24. Поради сајтовите за онлајн состанување, многу луѓе денес прв пат ги виделе своите партнери додека биле на тоалетната школка.

25. Нашите електронски направи, облека и храна најчесто се производ од робје, екстремно ниски плати и ужасни услови за работа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Ужасни работи кои жените ги прават, а не сакаат мажите да ги дознаат

Кои држави имаат највисок просечен коефициент на интелигенција меѓу жителите