во , ,

25 Најчудни градби во светот што ќе ве натераат да погледнете 2 пати

Човечката креативност е бескрајна и токму овие згради се еден од најголемите докази за тоа. Ако некогаш сте се прашувале кои се најчудните градби во светот, не грижете се повеќе – дојдовте на вистинското место! Подгответе се пред да ги погледнете овие згради, затоа што некои од нив се полуди одошто мислевте дека е можно!

1. Зградата кошница, Охајо, Америка


Седиштето на компанијата Лонгабергер Баскет изгледа на истиот начин како и нивниот најпознат продукт – кошниците!

2. Зградата слон, Бангкок, Тајланд

Оваа зграда била изградена со вистинска смисла за хумор. Таа е урбан комплекс, составен од трговски центар, бизнис канцеларии и апартмани.

3. Ајкула бар, Перм, Русија

Овој кул бар бил направен од стар неподвижен брод, но кога реката Кама носи премногу вода, изгледа како барот да плови.

4. Хабитат 67, Монтреал, Канада

Овој комплекс бил изграден во 1967-ма година како пример за модерно живеалиште.

5. Зградата овца, Тирау, Ваикато, Нов Зеланд

Во овој мал град, во 1990 година се изградила огромна џиновска градба во форма на овца. По неа следувале повеќе вакви животински градби.

6. Превртена куќа, Сзимбарк, Полска

Изградена од полскиот бизнисмен Даниел Цзапиевски, овој дом требало да биде изјава за комунистичката ера и состојбата на целиот свет.

7. Куќи во форма на коцки, Ротердам, Холандија

Овој иновативен сет куќи е базиран на идејата „живеење во урбан покрив“. Архитектот имал цел да ги направи куќите да личат на дрвја, за сите заедно да формираат шума.

8. Чајник, Рокбриџ Каунти, Вирџинија, Америка

Изградена во 1950-та како ресторан, овој чајник е одличен за сите љубители на топлиот пијалак.

9. Неверојатната летечка куќа, Сарзана, Италија

И покрај тоа што можеби таа не изгледа како нешто посебно на прво поглед, тоа што ја прави оваа куќа уникатна не е изгледот туку способностите. Таа движејќи се на шини, може да се сврти за 360 степени и да се движи нагоре-надолу.

10. Пијано, Хуаинан, Кина

Оваа зграда во форма на пијано била направена во 2001 година и служи како изложба.

11. Луда куќа, Виетнам

Изгледа како оваа куќа да не следи никаква тема за својот дизајн и единствената нешто што е доследно е нејзината недоследност. Ниту еден прозор не е сличен на друг, и да, огромна глава од жирафа излегува од земјата.

12. Куќа меѓу камења, Франција

Позната и како замокот Меур, ова слатко куќарче е токму тоа што изгледа – куќа меѓу два камена.

Видео на денот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

31 Супер смешни и креативни цртежи врз случајни слики

16 Несреќни луѓе на кои денот им поминал катастрофално