
Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон главниот град Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда на патот и завршил на блиската нива. Според медиумските информации, патниците се враќале од летување во турското одморалиште Кушадаси.
Патниците се евакуирани на безбедно
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
По инцидентот, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска станица „Инса оил“.
„Се очекува да пристигне друг автобус што го обезбедил српскиот превозник, со кој патниците треба непречено да го продолжат своето патување кон Србија,“ соопштуваат надлежните.
Од Амбасадата на Србија наведуваат дека будно ја следат ситуацијата и се во постојан контакт со надлежните бугарски институции. Според извештајот на бугарското Министерство за надворешни работи, во несреќата е причинета само материјална штета на самиот автобус и на патната инфраструктура.


