во ,

7 Неверојатни факти кои ќе ве изненадат повеќе од било кој документарец

Денеска ви претставуваме 7 интересни факти кои веруваме дека не сте ги знаеле, а некои од нив со сигурност ќе ве изненадат:

1. Оваа риба (Salema Porgy) можеби изгледа убаво, но доколку ја изедете, ќе имате сериозни халуцинации кои можат да траат и до 36 часа. Во себе таа содржи хемикалии кои имаат слично дејство како и ЛСД.

Реклама

2. Во текот на човековата историја се случувале страшни работи за кои луѓето не ни слушнале. Една од нив е одмаздата која се случила во 1140 година – по долга опсада и конечно освојување на градот Вејнсберг, владетелот на Светото Римско Царство, Конрад Трети, ги погубил сите мажи од градот бидејќи предолго пружале отпор. На жените им дозволил да земат што сакаат со себе и да побегнат.

3. Во 19-тиот век, гробиштата во многу делови на Европа и Америка неретко служеле како паркови. Луѓето се дружеле покрај гробовите, читале книги потпрени на нечиј надгробен споменик итн.

4. Во САД постои споменик на кој се напишани упатства како да се обнови човештвото и социјалниот поредок по апокалипса. Напишани се на 8 модерни светски јазици (англиски, руски, кинески, свахили, хинди, шпански, хебрејски и арапски јазик) и на 4 антички јазици (акадски, стар грчки, санскрит и египетски јазик).

5. Артур Конан Дојл, “таткото” на најпознатиот детектив на светот – Шерлок Холмс, и самиот решил два мистериозни детективски случаи. Во двата случаи, Дојл успеал да докаже невиност кај лица обвинети за сериозни казнени дела.

6. Во Хамбург, проблемот со уринирањето по ѕидови бил решен на генијален начин. Жителите на квартот Сент Поли долго време трпеле ужасна миризба од урината на пијаните минувачи кои уринирале насекаде околу себе. Поради тоа, тие ги премачкале ѕидовите со слој кој одбива течност, што за пијаниците претставувало голем проблем бидејќи секој пат уринирале врз себе.

7. Во Исланд, многу родители ги оставаат детските колички (заедно со бебињата) пред влезовите на продавниците додека купуваат. Иако можеби ви звучи загрижувачки и ужасно, тие велат дека тоа е всушност корисно за децата бидејќи вдишувањето на студениот воздух е добро за зајакнување на имунитетот. Исто така, стапката на криминал во Исланд е толку ниска што тие немаат причина да се грижат дали некој ќе го украде нивното дете.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 фотографии кои се толку надреални што мора да ги погледнете (барем) два пати

25 Фасцинантни фотографии од мачки во Финска кои обожуваат да си играат во снег