во , , ,

7 начини со кои на било кој да докажете дека Земјата не е рамна (без да лансирате сателит)

Речиси секој знае дека Земјата е сфера. Но, мал дел од населението е убедено дека Земјата е всушност рамна. Со „лудиот“ Мајк Хјуз кој се надева дека ќе се лансира на небото со цел да докаже дека Земјата е рамна и неодамнешната Интернационална конференција за рамна Земја, луѓето кои го делат ова верување упорно се обидуваат да најдат докази. Па, сега е вистинско време да дознаете за неколку начини со кои можете да докажете дека Земјата дефинитивно не е рамна.

1. Погледнете нагоре

2. Погледнете надолу

Реклама

Едноставен начин да докажете дека Земјата не е рамна е да ја измерете вашата сенка. Ако двајца луѓе се наоѓаат на различно растојание од екваторот и ја измерат нивната сенка во исто време, таа ќе има различна должина. Ако Земјата е рамна, нивните сенки би биле исти. Ерастотен, кој направил една верзија на овој експеримент, го знаел овој факт уште пред 3.000 години.

3. Измерете се

Гравитацијата која сите нè „влече“ кон центарот на масата на нашата планета значи дека исто тежиме каде и да се наоѓаме на Земјата. Ако Земјата е рамна, тоа ќе значи дека оние кои се на рабовите на дискот ќе бидат влечени настрана, додека оние кои се во центарот ќе бидат влечени надолу. За да го отстранат овој проблем, луѓето кои веруваат во рамна Земја заклучиле дека гравитацијата не постои.

4. Отидете на Антарктикот

Луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна сметаат дека Антарктикот е огромен ѕид од мраз околу рамната Земја. Но ако ова е вистина, зарем нема авионите кои летаат над Антарктикот да „паднат“?

5. Проверете го вашиот часовник

За да ги објаснат временските сезони, луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна тврдат дека сонцето се движи над нас во круг. Но, ова не ги објаснува временските зони и го претставува сонцето како некој вид рефлектор.

6. Земете компас


Нашата планета има магнетно поле генерирано од растопеното железо во нејзиното јадро. Ако Земјата е рамна, таа би немала јадро. А ако има, тоа би било рамен слој од течен метал, па планетата нема да ротира и да создаде магнетно поле.

7. Земете нишало


Овој познат експеримент прв пат бил демонстриран од Леон Фуко и денес можете да го видите во многу музеи низ целиот свет. Ако доволно долго набљудувате нишало, ќе забележите дека ќе почне да се ниша во малку поразлична насока. Ова докажува дека Земјата ротира.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Немој, куме, гледаш дека сум сирот, jас возам фичо ти БМВ

Драга мамо, ние сме добро. Во неделата бевме во Долно Дупени на панаѓур…