во , , ,

8 Цртани филмови кои ќе ве вратат во детството

Без разлика дали се работи за роботи, мутанти, животни, тинејџери или други херои, цртаните филмови наведени подолу, ќе ве натераат веднаш да изгледате епизода или две од овие серии што ни беа омилени во детството.

Том и Џери

Вечната игра на мачка и глувче е забавна за сите генерации. Веројатно поради тоа мачката Том и глувчето Џери преживеале на малите екрани толку долго време.

Сериите и цртаните филмови за Том и Џери започнале да се емитуваат во 40-тите години на минатиот век, а со неколку паузи траеле до 1990-тите.

Чип и Дејл

Пар на непослушни верверички прво се појавил во цртаните филмови за Пајо Паторот, Плутон, Шиљо и Мики Маус. Бидејќи биле многу симпатични, Чип и на Дејл добиле посебна серија. Незаборавните гласови на овие верверички се она што сите го паметиме.

Којотот и Брзата птица итрица

Гладниот Којот се обидува да ја фати Брзата птица итрица на смешни и луди начини. Никогаш не успева, но без оглед на тоа што гледачот веќе го знае исходот, овие цртани секогаш се забавни и духовити, токму поради неговите генијални идеи.

И додека Којотот е очигледен негативец, со текот на времето ја стекна емпатијата на сите фанови на серијата.

Нинџа желки

Четири желки мутанти живеат во канализација, вежбаат боречки вештини, именувани се по познатите уметници, обожаваат да јадат пица и го слушаат својот учител стаорец.

Да, звучи лудо, но овие фактори создадоа една од најомилените серии во светот. Сите сакаа да се идентификуваат со една од желките, се сеќавате ли која бевте вие?

Следна Страница

Што мислиш?

8 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Омилениот вонземјанин E.T. се враќа на Земјата во неодолива празнична реклама

Сакате божиќни филмови? Овие „тајни“ кодови од „Нетфликс“ ќе ви го подобрат празничното расположение