во , ,

8 Бон-тон правила по кои веднаш се забележува какво е вашето воспитување

Бонтон правилата не постојат за да бидат почитувани само од луѓето на висока функција или кралските членови.

До нив треба да се придржува секој кој има и сака да покаже културно однесување.

При запознавање со некого, првото што ни паѓа во очи, се манирите на личноста, па затоа е добро да оставате добар впечаток.

Реклама

Доколку сакате да го постигнете тоа, следете ги следниве правила:

Внимателно слушање на соговорникот

За време на комуникација, поважно е да имате способност за слушање, отколку за зборување. Пратете го разговорот на соговорникот, а не она што се случува наоколу или пак, телефонот.

Не претерувајте со парфемот

Секако, добро е да мирисате убаво, но постои мерка. „Бањањето“ со парфем не е никако добро.

Доволно е 2-3 пати да прснете и да мирисате убаво за околината, наместо да ги гушите сите со тешкиот мирис кој ќе се шири околу вас.

Не претерувајте ниту со емоциите во јавност

Бакнежите и страсните допири оставете ги за дома, насамо. Кога сте во јавност, бидете пристојни и не им правете непријатно на луѓето околу вас со вашите љубовни сцени.

Не ја ставајте чантата на маса

Кога одите во ресторан, дозволено е да ставите само мала чанта на масата за да биде блиску до вас.

Но, ако носите голема чанта, ставете ја на столчето до вас или на потпирачот од столчето.

Не пијте до последна капка во чашата

Внимавајте кога сте со луѓе околу вас, да не го пиете пијалакот до последна капка. Звукот кој ќе го испуштате ќе им пречи на луѓето во околината и ќе оставите впечаток на некултурна личност.

Одржувајте дистанца кога се поздравувате со спротивниот пол

Доколку се сретнете со некој познаник од спротивниот пол, одржувајте нормална дистанца независно колку сте блиски.

Не избрзувајте веднаш да се прегрнете и гласно да се поздравувате, посебно кога е во присуство на сопствениот партнер.

Мажите секогаш одат први кога поминуваат низ гужва

Ова важи за места како кино или театар, каде мора да стигнете до вашите места низ други луѓе.

Доколку сакате да бидете вистински џентлмен, направете го вие патот за девојката. Второ, секогаш бидете свртени со лице кон луѓето кои седат во вашиот ред, а не со грб.

Правилно држење на чашата

Чашите со пијалак на големи настани се држат во левата рака, за десната секогаш да ви биде сува и чиста за поздравување со луѓе.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Трикови и техники како да станете попривлечни во туѓите очи

17 Очигледни знаци дека поминувате низ животна криза и треба да промените нешто