во ,

8 Вицови за да го подигнеме расположението со малку хумор

1. Докторе, ми треба потврда за да не работам.
–  Па, што ви фали?
–  Епа тоа де – потврда!

2. Судијата го прашува обвинетиот:
–  Зошто сте го убиле зајакот кога не сте член на ловечкото друштво?
–  А, зошто он ја јадеше мојата зелка кога не е член на моето семејство?

Реклама

3. Жената: Ти бре, сите пари ги трошиш на кафана!
–  Мажот: Што се буниш, ти даваш 50 евра за маскара!
–  Жената: Па јас купувам маскара за да ти бидам убава!
–  Мажот: па и јас пијам за да ми бидеш убава!

4. Оди Хасо и носи магаре со себе. Го сретнува Мујо и прашува.
–  Ама кај си тргнал со тој коњ?
–  Море токмак, не е коњ магаре е!
–  Ти да ќутиш, тебе не те прашав ништо!

5. Учителката: Перица, за што служи биберот?
–  Перица: Па, за спиење.
–  Учителката: Е, како тоа за спиење?
–  Перица: Епа секоја вечер тато и вика на мама – Дај да ти го збиберам за полесно да заспиеш!

6. Жената го прашува мажот: Драги, ти сакаш паметни или убави жени?
–  Ни едната ни другата драга, јас те сакам тебе!

7. Доаѓа политичар дома радосен и ја бакнува сопругата.
–  Сè е готово! Избран сум!
–  Навистина? Не лажеш?
–  Не не, сега веќе нема потреба!

8. Комшики си муабетат:
–  Од кај ти е таа модрица под окото?
–  Од маж ми.
–  Па мислев дека отиде на пат, нели така ми кажа вчера?
–  Епа и јас мислев!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како се однесува мажот после 7 дена, 7 месеци и после 7 години брак?

АААААА, ГОСПОДЕ БОЖЕ!!! ЖЕНО ПОМАГАЈ! ЖЕНООООО!!!