во , ,

8 Интересни факти за животот во Луксембург кои можеби не сте ги знаеле

Дрвјата не смеат да бидат повисоки од 2 метри помеѓу соседите и ако некој ненадејно реши во недела да ја коси тревата може да плати казна од 250 евра бидејќи да се прави врева за време на викендите е строго забрането.

Во Луксембург живеат и Македонци, најмногу од Источна Македонија, па какви услови им овозможува оваа мала и развиена држава?

Реклама

Во Луксембург вработените во супермаркетите неретко зборуваат 5 јазици со леснотија, пензионерите живеат во палата, а животните имаат речиси исти права како нивните сопственици.

Популацијата од околу 613.000 жители „се зголемува“ секое утро тројно откако доаѓаат луѓето од соседните Германија, Франција и Белгија кои работат во Луксембург за повисоки плати.

Од друга страна луѓето од Луксембург често ја минуваат границата за да си купат поевтино овошје и зеленчук или да пазарат во IKEA

Интересни факти за животот во Луксембург:

На милениците не смее да им биде здодевно

Соседите може да повикаат полиција ако видат дека вашето куче е само дома додека сте на работа. Според локалните закони и милениците имаат чувства и мора да се внимава на нив.

Ако останувате до доцна на работа, а вашето куче само цимоли и е тажно дома, може да ве пријават и да добиете забрана да го оставате само.

Жените стражарат пред палатата на Луксембург

Луксембург е една од малкуте држави во светот каде може да видите жени како стражарат пред официјални резиденции.

Бесплатен јавен превоз за сите

Од почетокот на 2020 во Луксембург јавниот превоз, и тоа автобуси, трамваи и возови стана бесплатен за населението и туристите.

Одлично здравствено осигурување

Со минимален надоместок за осигурување годишно, жителите на Луксембург добиваат одлична здравствена нега, а плус имаат можност да им биде загарантирано дека авион ќе биде испратен по нив во која било земја ако е потребна итна медицинска помош, а сакаат да се лечат во Луксембург.

Пензионерите живеат во палата

Пензионерскиот дом во Луксембург изгледа како раскошна палата. Трошокот за живеење е околу 3.000 евра, а просечната пензија изнесува околу 4.000 евра.

Нема високи огради помеѓу соседите и владее тишина

Дрвјата не смеат да бидат повисоки од 2 метри помеѓу соседите и ако некој ненадејно реши во недела да ја коси тревата може да плати казна која достигнува до 250 евра бидејќи да се прави врева за време на викендите е строго забрането.

Автоматски надворешни лифтови за преселби

Повеќето зградички во Луксембург немаат лифтови, па кога се селат локалците користат автоматски надворешни лифтови.

Летото минува во ритамот на музиката

Од мај до јуни музички инструменти се поставуваат на разни локации и секој може да ги покаже своите музички способности. Секое пијано на пример е потпишано од познат луксембуршки артист и личи на уметничко дело.

Земја на полиглоти

Луксембург е единствената европска земја каде повеќе од половина од популацијата зборува 3 или повеќе јазици. Земјата има 3 официјални јазици и тоа луксембуршки, француски и германски. Во основно училиште се учат тие три, а во средно плус англиски јазик.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Практични трикови како со малку пари ќе го преуредите вашиот дом

20 Идеи за декорација на уникатни новогодишни колачиња и рецепт за крцкаво тесто