во ,

8 Познати татковци кои откриваат какви лекции научиле од воспитувањето на нивните ќерки

Истражувањата покажуваат дека здравата врска со таткото има директно влијание врз самодовербата и академскиот успех на ќерката. На мажите не им е лесно да воспитуваат девојчиња бидејќи многу работи се нови за татковците. Уште поинтересно е да се види како грижливите татковци стануваат најдобри пријатели на нивните ќерки и како овие млади девојки лесно и неповратно ги менуваат.

1. Вил Смит

Вил пораснал со многу строг татко кој го научил дека е невозможно да се успее без дисциплина и напорна работа. Така, кога неговата единствена ќерка Вилоу реши да ја прекине својата музичка турнеја, актерот збесна. Таткото и ќерката се скарале, а Вило во знак на протест си ја избричила главата.

Реклама

Ова го принуди Смит да ги преиспита своите методи на родителство, тој сфати дека строгоста ги одбива децата. Актерот призна: „Сфатив дека човек ќе мрази секој што ќе му ги наметне своите желби“.

2. Двејн Џонсон

Рок е горд татко на три девојчиња. На Денот на таткото, тој на својата страница на социјалните мрежи напиша: „Секој маж сака син, но она што навистина му треба е ќерка“. Тој додаде: „Сите мои девојки донесоа рамнотежа во мојот живот“.

Холивудската славна личност не пропушта прилика да ја изрази својата љубов кон своите ќерки. И на 4. роденден на својата втора ќерка, тој сподели слатки зборови со светот: „Ти давам збор дека ќе те сакам и ќе се грижам за тебе до крајот на моите денови.

3. Марк Волберг

50-годишниот Марк Волберг најмногу го поврзуваат со улогите на кул момци во акционите филмови. Но, дома, актерот се претвора во татко кој седи тивко додека неговата 12-годишна најмлада ќерка му прави маникир.

4. Тим МекГроу

Суперѕвездата на кантри музиката е татко на три ќерки и изгледа многу среќен поради тоа. Пејачот зборуваше за живеење во куќа полна со жени: „Ме направија подобра личност. Благодарение на нив, јас ги гледам работите поинаку“.

5. Џејми Фокс

Актерот, кој веќе има 54 години, сам одгледал две ќерки. Тој признава дека морал да научи како да биде подобар татко. Една од најголемите лекции што ги научил е секогаш да ги става своите девојки на прво место и да биде постојано таму.

Според него, отсуството го надоместил со пари и подароци, но еден ден неговата постара ќерка рекла: „Не ми се допаѓаш. Ако рече дека ќе дојдеш, тогаш мора да дојдеш“. И тоа му ги отвори очите на Џејми.

6. Томас Рет

Кантри пејачот и текстописец има четири ќерки, од кои најстарата е посвоена. Тој признава дека неговите девојки го допираат до срж секој ден. Тој додава: „Има нешто посебно во тоа да се биде татко на девојче. Благодарение на ова, мислам дека станав помек и потрпелив.“

7. Џими Фалон

ТВ водитрелот и актер за грижи за две мали девојчиња. Од страна се забележува дека има најнежни чувства кон нив. Тој признава: „Дури и најмажествените момци омекнуваат кога имаат ќерки“.

А еве што вели тој за воспитувањето на девојчињата: „Татковците веднаш се заљубуваат во своите бебиња и се подготвени да ги остават да прават се. Така, мајките се одговорни за дисциплина во семејство со ќерки“.

8. Крис Хемсворт

Австралискиот актер има три деца: два сина близнаци и една ќерка, Индија. Индија е прва родена. Еве што вели тој за татковството во едно интервју: „Тоа е најзначајното нешто во кое сум бил дел од него“. Исто така, изведувачот на улогата на Тор додава дека неговата ќерка го зазема главното место во неговиот живот: „Кога сум на работа, мислам на неа, а кога не сум на работа, поминувам време со неа!“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Животни кои испаднале толку паметни што можете да ги запишете на факултет

11 Прилики кога чевлите на познатите го украле целото внимание и ги засениле дури и нивните фустани