во , , ,

8-те најубави древни урнатини ширум светот

Денес постојат многу начини да се вратиме во минатото. Гледањето стари фотографии и проучувањето артефакти може да ни помогне да научиме нешто за историјата, но најдобриот начин да ја почувствувате е да посетите некоја древна урнатина.

Нема потреба да го пропатувате целиот свет за да ги видите најубавите древни урнатини. Благодарение на Интернетот можете во секој момент да ја видите другата страна на планетата. Па доколку сте подготвени за пат околу светот, погледнете ги неверојатните древни урнатини кои можете да ги истражувате и од вашиот дом.

1. Та Пром, Камбоџа

Реклама

Та Пром е храм лоциран во Анкгор Ват, Камбоџа. Наменета и како будистички манастир и како центар за учење, структурата била изградена во доцниот 12-ти век од Џајаварман VII, крал на Кмерското Царство.

Сместен во џунглата и напуштен уште од 15-тиот век, Та Пром е познат по обраснатата состојба на срушениот комплекс. Бидејќи камењата се поставени без малтер, корењата и гранките на дрвјата се извиле околу ѕидовите, создавајќи сцена од најлудите соништа на секој археолог.

2. Ел Кастиљо, Мексико

Ел Кастиљо, неверојатната мезоамериканска скалеста пирамида, се наоѓа во срцето на Чичен Ица. Чичен Ица е град конструиран од Маите на полуостровот Јукатан, Мексико, помеѓу 9-тиот и 12-тиот век.

Со височина од 29 метри и име чие значење е „замокот“, не е ни чудо што Ел Кастиљо се смета за едно од новите Седум светски чуда во светот. Она што го прави овој споменик уште помагичен се појавува само два пати годишно – околу 15 часот, на пролетната и есенската рамноденица, кога сончевата светлина паѓа врз главните скалила на пирамидата така што создава сенка во форма на змија. Сенката постепено се спушта надоле и на крајот се соединува со големата глава од змија, издлабена од камен на дното на скалилата.

3. Баган, Мјанмар

Баган е древен град во регионот Мандалеј во Мјанмар. Во својот најдобар период, Баган бил дом на над 10.000 будистички храмови и светилишта. Иако овој број се намалил изминатиов милениум, речиси 2.000 од структурите се останати до денес, правејќи го Баган место што морате да го посетите.

Илјадниците храмови се најимпресивниот доказ за религиската посветеност на луѓето од Мјанмар. Тие формираат едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Азија и нудат поглед што го нема на ниту едно друго место.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

40 Слики кои докажуваат дека “Forever Alone” може да досигне сосема нов левел

7 видови губитници во секоја друштвена игра