во , ,

9 Илустрации покажуваат што вашиот син мора да ги научи за да стане добар и силен маж

Затоа мошне е важно од мали нозе да ги научите синовите како да изградат здрава врска со сопствените емоции и да ги слушаат сопствените инстинкти за да си го подобрат квалитетот на живот и да му овозможите да искуси што значи да се биде среќен во вистинска смисла на зборот. Да научат дека треба да си силен за да се отвориш и да ги покажеш сопствените чувства и емоции…

Кои се најважните лекции?

Како да се признае пораз

Мошне е важно вашиот син од мали нозе да научи дека не може од секоја борба да излезе како победник, да знае да признае пораз без неговото его или гордост да го попречуваат во тоа. На овој начин вашиот син ќе знае во иднина како да се тргне од идни конфронтации и ќе научи дека не е кукавица затоа што не сака да влегува во конфликти, туку е силен маж.

Реклама

Во ред е да не бидеш силен постојано

„Мажите не плачат“ – е верувањето што најчесто води до токсична машкост уште од мали нозе. Со повторување на оваа реченица децата од мали нозе ги учиме дека треба да ги потиснуваат емоциите и секогаш да покажуваат храброст.

Научете го синот дека не е помалку маж ако ги покажува емоциите – кога плаче на тажен филм или кога ги потиснува емоциите во себеси.

Да признаат дека згрешиле

Не треба да се прават дека знаат сè и дека секогаш се во право. Наместо тоа, подобро е од мали нозе да научат да признаат дека погрешиле.

Родителите имаат задача да го научат детето дека треба да учи од сопствените грешки. Никој не е совршен и затоа нема потреба да биде премногу строг кон себеси и кон сопствените падови.

Во ред е да побарате совет од родителите

Без разлика на тоа дали имате син или ќерка, мошне е важно децата да ги научите дека треба да ви се обратат кога им е потребна помош или поддршка. Тоа ќе го направите така што ќе им дадете простор да се изразат без да ги осудувате или да им се потсмевате.

Децата мора да знаат дека не се помалку вредни ако бараат помош, туку се храбри затоа што се отвораат и ги покажуваат сопствените емоции.

Тоа што го правеле со девојките не треба да се споделува со пријателите

Велат дека кога мажот нема да се пофали дека бил со некоја девојка, тоа е исто и како да не бил, но дали е тоа така?

Машките деца од мали нозе треба да се научат дека треба да ја почитуваат приватноста на другите и да не ги споделуваат приватните пораки и фотографии што ги добиле од некоја девојка.

На овој начин уште од мали нозе ги учиме машките деца дека треба да ги почитуваат жените и дека тоа што тие го прават со девојката треба да остане во приватност.

Како да ги почитуваат жените

Жените просто не можат да одолеат на маж што знае како да ја ислуша партнерката и да ја почитува.

Уште од мали нозе треба да ги научиме синовите дека тоа што некоја девојка се обидува да стапи во контакт со него или му се „насмевнува“, не значи дека веднаш му се додоворува – на тој начин ќе научи да слуша и да сфати дека „не“ значи „не“.

Како да се грижат за себеси

Веќе е стереотип мислењето дека мажите не знаат да се грижат за себеси и не чистат по дома, што воопшто не мора да значи дека е точно.

Родителите треба да ги научат синовите дека просторот каде што живеат треба да е чист и уреден, особено, кога живеат со партнерка. На крајот на краиштата така ќе го научите синот да биде самостоен и да не зависи од никого.

Како да се справи со она што го измачува

Кога сме под стрес сите кажуваме работи што не ги мислиме.

Мошне е важно да ги научиме синовите на здрав начин да се справуваат со стресот, да не се истураат врз луѓето што им се блиски, затоа што тоа може да им ги уништи врските и да им ја разниша самодовербата.

Здрави пријателства – Мажите не се караат за девојки

Цврстите пријателства се мошне важни за нашите синови. Како родители треба да ги охрабруваме нашите синови да формираат цврсти пријателства и дека за девојки не треба да се караат.

Девојката што сака да го раздели со другарите не е вредна, затоа што на тој начин таа можеби го манипулира и го оддалечува од оние што му се најблиски.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во одделението за итна медицинска помош влегува маж со забиена шајка во главата…

Зелено Езеро: „Базен на ѓаволот“ во Нов Зеланд (ФОТО)