во , ,

9 Најубави места на Земјата за кои сигурно немате слушнато

Веројатно имате листа со места коишто сакате да ги посетите во текот на животот. Веројатно голем дел од овие места сте откриле преку филмови, песни, пријатели, социјални мрежи… Но за секое место што сте го откриле, постојат многу други за кои воопшто немате ни слушнато. Кога ќе помислите дека сте виделе сè, не заборавајте дека сте ја допреле само површината од убавините на Земјата.

1. Пустината Хуакачина, Перу


Оваа пустина е нешто што немате видено досега. Ќе ја најдете оваа „пустинска оаза“ сред масивните песочни дини во Перу. Овој феномен најдобро ќе го искусите со мотор или со „сурфање“ на песок.

2. Лас Колорадас, Мексико

Реклама

Ова место изгледа навистина нереално. Лас Колорадас е розово езеро на полуостровот Јукатан во Мексико. Езерото ја добило својата боја поради микроорганизмите и високата концентрација на сол.

3. Семук Чампеј, Гватемала

Семук Чампеј се неколку езера од варовник лоцирани во џунглите на Гватемала. Овде ќе можете да уживате во кристално бистрата вода додека сте опкружени од зеленилото на џунглата.

4. Пештерата Бенагил, Португалија

Пештерата Бенагил е вистинско скриено богатство на брегот на Португалија. Оваа необична морска пештерска формација без сомнение ќе ви го одземе здивот. До плажата се стигнува само со чамец или кајак, а искуството е незаборавно.

5. Кањон Антилопа, Аризона

Овој кањон кој изгледа како од друга планета е лоциран во Аризона. Овде ќе можете да видите многу формации од црвени камења кои ќе ве остават без зборови.

6. Синтра, Португалија

Синтра е дестинацијата од вашите соништа. Овој град во Португалија има бројни замоци и палати и можете да поминете часови лутајќи низ нив. Овој град е навистина волшебен.

7. Мостар, Босна и Херцеговина

Мостар е богатството на Босна и Херцеговина. Овде ќе можете да шетате по калдрмите, да им се восхитувате на камените градби и да го фотографирате познатиот Стар мост.

8. Бурано, Италија

Бурано е можеби најшареното место на планетата. Ова мало рибарско село е познато по изработката на чипка и навистина ќе ви го украде срцето. Секоја куќа има различна боја што го прави местото навистина уникатно.

9. Ѓореме, Турција


Ѓореме е град лоциран во Кападокија, Турција. Се состои од неверојатни камени формации кои ќе направат да се чувствувате како да сте на друга планета. Пејзажот е формиран во текот на многу години од ерозија и ова е место што морате да го видите во живо за да поверувате дека постои.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

7-те најпопуларни туристички дестинации ширум светот во моментов