во , ,

9 Бонтон правила за во тоалет кои луѓето често ги забораваат

Добрите манири се задолжителни секаде, па дури и во тоалетот.

За жал, многу луѓе подзабораваат на ова.

Бонтон правила за однесување во тоалет:

Тоалетот не е соба за читање – таа книга/магазин потоа ќе дојде во раце на некој друг и не е хигиенски, плус некој можеби чека за да влезе во тоалетот.

Супер Попуст -25%

И покрај дебатите, вториот начин (десно) е вистинскиот начин за да ставите тоалетна ролна, така хартијата нема да биде во допир со ѕидот и на неа да се лепат непотребни бактерии.

Пуштајте вода во тоалетната школка со затворен капак за под притисокот од водата да не летаат бактерии наоколу.

Запомнете дека правилото е – кој го кренал капакот, поточно делот за седење, тој треба и да го спушти кога излегува од тоалетот и ова особено важи за мажите.

Ако сте на гости и има цврст и течен сапун, секогаш одберете го течниот, затоа што е похигиенски, цврстиот го допирале домаќините.

Кога сте на гости некултурно е да се бришете со пешкирите на домаќините, па затоа проверете дали има закачено пешкирче за раце до мијалникот.

Освен ако навистина не е итна ситуацијата, не го користете јавниот тоалет за спротивниот пол.

Во јавен тоалет правилото е да го почитувате личниот простор на другите луѓе, па така не треба да влезете во кабината до таа што е веќе зафатена (кога има опција за друга).

По бонтон е тој што го искористил крајот од тоалетната ролна да донесе нова во тоалетот за наредниот што ќе го користи да не се најде во непријатна ситуација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Измамникот од Тиндер: Лажел девојки дека е милијардер и ги ограбувал, а бил само пет месеци во затвор

Да ѝ помогнеме на македонската економија…