За добро селфи треба навистина да ве бива. Треба да ги имате тие вештини да се поставите под вистински агол, да имате стабилна рака, одлично осветлување и секако, одлична позадина.

На социјалните мрежи има луѓе кои живеат за и од селфиња, но не се толку посебни колку горилите од националниот парк Вирунга во Демократската Република Конго.
Паркот е прогласен за локација заштитена како светско наследство од УНЕСКО, но воените превирања во Конго во изминативе години придонесоа Вирунга да стане поотворен на надворешни опасности како ловокрадци.

Околу 600 ренџери неуморно работат да го заштитат националниот парк во шумите на Конго и горилите на кои ова им е живеалиште.
Овие ренџери се опремени со најразлични вештини за одбрана, но имаат време понекогаш и да направат некоја добра фотка додека се на смена.
За нив, највообичаена фотографија од работниот ден е кога им позираат горилите Ндакаси и Матабиши. Токму едно такво селфи го освои интернетот:

А вака изгледа еден просечен работен ден во националниот парк Вирунга.



-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден







