
Директорот на основното училиште во Ѓорче Петров поднесе оставка од морални и лични причини, по инцидентот во кој двајца ученици се обиделе да извршат насилство врз свој соученик. Настанот, кој се случил во дворот на училиштето, го пријавил таткото на жртвата, откако неговиот син бил нападнат од двајца соученици со тврд предмет.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека сите релевантни институции, вклучително МВР, МОН и социјалните служби, се вклучени во истрагата. Општината и училиштето веќе презеле мерки согласно законите и упатствата за заштита на ученици жртви на насилство.
Именуван е нов вршител на должноста директор, а формирана е и комисија која ќе поведува дисциплински постапки против четири наставници, додека еден наставник е веќе суспендиран. Одговорните ќе бидат санкционирани по утврдувањето на нивната улога во инцидентот.
Педагошко-психолошката служба работи на обезбедување безбедна средина за учениците, додека истрагата продолжува за да се расветли целосно случајот.


